Највкусниот сладолед од јагоди за ова лето

15 мај 2017

Конечно можеме да кажеме дека дојде и најубавото годишно време кое сите го обожаваме поради неколку причини.

Јагодите дефинитивно се една од тие причини, а веруваме дека нема човек кој не се радува на свежи јагоди во било кое време.

Тие се добри поради тоа што се одличен извор на витамин Ц, супер се за имунитет и против стареење на кожата, како создадени се за борбата против холестеролот, а последните студии покажуваат дека истите се одлични и за здравјето на очите.

Она на што никој не може да му одолее е дефинитивно вкусниот сладолед од јагоди кој секое лето доаѓа во нови варијанти, а оваа сезона го јадеме со јогурт!

Состојките за истиот се многу едноставни, а се прави за супер брзо време.

Потребно:

500 гр.јагоди

250 гр.јогурт

250 гр.шеќер

500 мл.слатка павлака за готвење

Сок од еден лимон

Подготовка:

Исчистете ги јагодите и добро измијте ги, а потоа згмечете ги во длабок сад заедно со шеќерот. Додајте го јогуртот и мешајте со миксер сѐ додека смесата не се соедини и шеќерот не се стопи. Постепено, додавајте ги слатката павлака и сокот од лимон. Смесата ставете ја во ладилник додека добро не се замрзне, а ако сте во можност, на секој час промешувајте ја за да не се создадат кристали.

Добар апетит! 

Објавено:
15 мај 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
902 пати
Извор: 
coolinarka.com