Направете го најлесниот џем на светот!

4 декември 2017

Овие зимски денови ако сакате да ви замириса домот на домашен џем, а да не се мачите многу, ова е вистинскиот рецепт за вас. Џемот од мандарини се прави едноставно, не треба да бидете многу искусни во кујната, но добро е да се обидете.

За овој џем ви се потребни 12 мандарини, половина шолја шеќер и сок од половина исцеден лимон. Ги ставате мандариние излупени во зовриена вода, но не заборавјте да ги отстраните семките.

Откако ќе ги сварите во водата, целата смеса ја ставате во блендер го додавате шеќерот и сокот од лимонот и мешате постојано на тивок оган. Кога ќе добиете густа смеса вашиот џем е готов. На здравје!

Објавено:
4 декември 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.242 пати
Тагови: 
мандарини џем