Ова се најскапите колачиња на светот!

18 мај 2017

Во еден од најлуксузните ресорт хотели во светот, St.Regis Bal Harbour Resort лоциран на прекрасните плажи во Мајами, од неодамна на менито се најде најскапиот колач на светот.

Хотелот во соработка со француската продавница за накит Lalique ги создаде најскапите макаронс колачиња кои чинат вртоглави 9.703 американски долари.

Колачињата се направени од бел чај, додека за декорација врвните слаткари одбраа златни листови кои можат да се јадат.

Скапоцените колачиња се сервираат на стаклена перничка целосно покриена со шеќерни кристали кои прават перничето да изгледа како кристален послужавник.

Но, тоа не е се што ќе добиете ако се одлучите да потрошите речиси 10.000 долари за да ги пробате овие колачиња.

Покрај луксузниот десерт, во цената е вклучено и ноќевање во еден од хотелските апартмани во кој може да отседнат до осум лица, а ќе имате и личен батлер и импресивен балкон со неверојатен поглед.

Хотелот и познатата продавница за накит покрај скапоцените колачиња заедно направија и неколку уникатни коктели кои се продаваат по цена од 200 долари, а верувајте интересот за нив е огромен.

Објавено:
18 мај 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
338 пати