Што му прави тиквата на вашето тело?

10 ноември 2018

Тиквата е дефинитивно нешто без што не можеме во есенската сезона, без разлика дали ја сакаме печена, варена или пак во некој вкусен десерт, таа е неизбежна.

По сите карактеристики, тиквата се смета за овошје, но многумина сакаат да ја комбинираат и со разни намирници за ручек.

Фото: The daily evergreen

Без разлика дали ќе одберете бела или жолта тиква, тие се подеднакво вкусни и хранливи, а придобивките од консумирањето на истите се и повеќе од одлични.

Во продолжение читате некои од најголемите придобивки поради кои веруваме ќе си купите тиква уште денеска.

Фото: We heart it

-Заситуваат и имаат многу малку калории 

Сите десерти со тиква може да се печат без додвање на дополнителни шеќери, па сè она што ќе го направите можете да го изедете без грижа на совет и секако, да уживате во вкусот.

-Извор на здрави масти 

Голема грешка е што при чистењето многу луѓе ги фрлаат семките кои се полни витамини. Во нив содржат влакна, делуваат како антиоксиданси и се природен извор на протеини. Содржат и безброј витамини и минерали, а се одличен извор на цинк. Извадете ги семките, ставете им малку маслиново масло, печете во рерна и консумирајте. 

Фото: Country living magazine

-Богати се со бета каротен 

Жолтите тикви се полни со бета каротен, а исто така имаат одлични количини на витамин А. Овој витамин е важен за здрав изглед на кожата, добар вид, а со него се бориме и против опаѓање на имунитетот. 

Фото: Taste

-За подобар сон 

Ако имате проблеми со спиењето, обидете се да изедете половина шолја семки од тиква пред спиење. Тиквата е полна со магнезиум кој се поврзува со подобар сон и со триптофан, аминокиселина која ви помага да заспиете.

Фото: Jo Cooks

Извор: Miss 7

Објавено:
10 ноември 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
611 пати