Солени мафини од Fantasia – нешто за што вреди да се разбудите наутро

26 октомври 2018

Нема ништо подобро од вкусен појадок за почеток на денот, а кога истиот го готвите за целото семејство, тогаш на задоволството му нема крај.

Во време кога животот стана навистина брз, најдобрата варијанта за сите домаќинки е нешто што се подготвува за кратко време, а истовремено е толку вкусно и здраво и за најмалите во семејството.

Токму такви мафини оваа сезона доаѓаат од ризницата фантастични производи на брендот Fantasia на компанијата Макпрогрес, кои се подготвуваат за супер кратко време и кои ќе посакате да ги јадете буквално секој ден.

Неодамна имав можност да ги пробам истите и не можев да бидам позадоволна. Она за што прво се израдував е краткото време кое ми беше потребно да ги направам, со што се соодветни и погодни и за појадок, но и за вечера за целото семејство.

Во пакувањето на солените мафини, кои веќе можете да ги набавите во поголемите супер маркети, ќе најдете смеса која се подготвува со миксер и уште неколку други потребни производи кои ќе ги видите во видеото, но и семиња кои се исклучително здрави и совршени за системот за варење.

Потребни се само неколку минути да ги измешате со миксер, по што додавате сирење, кашкавал или што и да е по ваша желба секако, и ги печете на соодветна температура околу 30 – тина минути.

Во пакувањето има доволно семиња за да можете да украсите и одозгора, со што добивате здрави мафини кои изгледаат неверојатно привлечно и доколку ви дојдат гости.

Во пакувањето со пица мафините пак, добивате смеса која исто така се меша со миксер соодветно време, но на истата можете да ѝ додадете шунка и кашкавал, па дури и печурки и зачини со што ќе добиете вкусни пица мафини, но за многу пократко време.

Бидете креативни во кујната и додајте во смесите што и да посакате, она на што вашите дечиња најмногу се радуваат и сакаат да го јадат, а дајте им слобода и тие сами да ја креираат својата вечера со тоа што ќе ви помогнат во кујна, па така и ќе поминете повеќе време заедно.

Ова се дефинитивно највкусните мафини што сме ги пробале во последно време, но и такви со кои сите ќе бидеме сити и ќе имаме повеќе слободно време да поминеме со семејството.

*Комерцијален текст

Објавено:
26 октомври 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
288 пати