Супер рецепт за брзи и неверојатно вкусни крофни!

27 февруари 2017

Февруари е месец на фритулите или мини крофнички во речиси секој регион во Италија, па по тој повод денеска ви пренесуваме еден прекрасен и супер брз рецепт.

Всушност, станува збор за мали топчиња од тесто кои можете да ги наполните со што сакате или пак да ги оставите празни, но одозгора секако да ги поросите со шеќер во прав.

Истите се подготвуваат за брзо време, а едноставниот рецепт можете да го надополнувате со што и да посакате.

Во продолжение читате супер рецепт од хрватската блогерка Лили објавен на нејзиниот блог „Travelling Oven“ за кој таа користела ароматичен лимон и ванила.

Потребно:

250 гр.брашно

½ лажица прашок за печиво

Малку сол

Две јајца

30 гр.шеќер

30 гр.путер

125 мл.млеко

Една лажица екстракт од ванила

Малку рендана кора од лимон

Масло за пржење

Шеќер во прав за наросување

Подготовка:

Измешајте го путерот со шеќерот и мешајте додека не добиете нежна смеса. Постепено додавајте по едно јајце и мешајте и понатаму, па додајте го млекото, кората од лимон, екстракт од ванила и мешајте додека смесата не се поврзе. Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и ставете малку сол.

Додајте ги сувите во мокрите состојки и мешајте со рака или со миксер на тивко, додека не добиете лепливо тесто. Ако смесата ви е многу сува, можете да додадете и лажица вода за да се поврзе подобро.

Објавено:
27 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.298 пати