Викенд проект: Баунти колачиња што не се печат!

12 април 2019

Викендот е совршено време да се посветите на себеси и секако... на готвењето! Нема ништо подобро од колачиња што не се печат и што се прават за брзо време, а се супер вкусни.

Токму такви имаме за вас овој викенд за што знаеме дека ќе ни бидете благодарни. Кокосот во комбинација со чоколадо е нешто на што никој не може да остане рамнодушен, а одлични се и доколку ви се најават гости во последен миг.

Потребно:

300 грама кокос

500 грама темно чоколадо

150 мл млеко

Агаве сируп

Подготовка:

Кокосот и малку агаве сируп ставете ги во длабок сад и мешајте сè додека смесата не се соедини. Имајте на ум дека смесата мора да биде цврста, односно да не се рони за да може да обликувате колачиња. Со рацете обликувајте мали „залчиња“ и ставете ги во ладилник околу половина час. Откако ќе ги извадите, полијте ги со чоколадото што претходно го стопивте и повторно ставете ги во ладилник.

Добар апетит!

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
12 април 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
425 пати