Виножито трендот хит и во кујната!

28 март 2017

Големи се шансите дека низ социјалните мрежи веројатно досега сте го сретнале „виножито“ трендот кој воодушеви во ентериерот, но и кај храната.

Токму овој тренд стана вистински хит и во кујните, а гурманите постојано објавуваат фотографии од нивните ремек дела на социјалните мрежи.

Иако првично ќе помислите која е таа храна која ќе направи совршено виножито во чинијата, верувајте дека има огромен и здрав избор.

Предноста на овој тренд е токму тоа што секогаш ќе можете да одберете здрави намирници кои особено ќе им бидат интересни на вашите деца кои можеби не се големи обожаватели на истите.

Идеите почнуваат од виножито пици, па сѐ до сендвичи и салати супер наредени по боја во прекрасни чинии.

Ако се решите да правите слатки задоволства, тогаш работите се многу полесни, со оглед на тоа што во секое тесто можете да ставите прехранбена боја и да направите нешто прекрасно.

На овој начин, на вашите најблиски ќе можете да им подметнете разни здрави рецепти кои ќе бидат супер привлечни благодарение на боите, без да знаат кои се состојките.

Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за некое вкусно јадење и десерт со кои ќе ги израдувате сите во вашата околина.

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
132 пати