Вкусна пита од неодоливи дуњи

26 април 2018

Веќе почна сезоната на дуњите кои важат за едни од највкусните овошја со кои може да се направат многу неодоливи деликатеси.

Покрај тоа што се особено вкусни, тие се и богат извор на витамини меѓу кои и витамин ц во големи количини, витамин Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган и уште многу други. Тие поволно делуваат на работата на цревата и спречуваат разни инфекции, затоа се и едни од омилените овошја, а особено одлични се и за мали дечиња.

Фото: Natural Food Series

Сокот од дуња е познат лек за кашлица, астма, а печените дуњи се одлични и за анемија, болести на желудникот и цревата.

Покрај бројните лековити дејства, тие се и одлични за подготовка на разни колачи, слатко, чај и сок, а денеска ќе ви презентираме еден рецепт за вкусна пита со дуњи.

Фото: Cravings of Amsterdam

Потребно за тестото:

400 гр.брашно

Половина прашок за пециво

150 гр.маргарин

Четири лажици кисела павлака

Малку сол

80 гр.шеќер

Една лажичка ракија

Потребно за фил:

500, 600 гр.изрендани дуњи

Пет лажици шеќер

Две лажици сок од лимон

Една лажичка цимет

3, 4 лажици мармалад *по желба

Фото: Pinterest

Подготовка:

Направете тесто од сите состојки, киселата павлака додавајте ја постепено. Тестото завиткајте го во фолија и ставете го во ладилник на еден час. Изренданите дуњи прелијте ги со лимоновиот сок. Додајте го шеќерот, циметот и мармаладот па добро измешајте. Доколку сметате дека преливот не е доволно благ, додајте шеќер. Тестото поделете го на два дела. Едниот дел од тестото добро просукајте го и ставете го врз хартија за печење која претходно ја поставивте на тавата. Тестото боцнете го со вилушка. Ставете го во печка на 180 степени и печете 15 минути. Извадете го тестото и ставете го преливот рамномерно. Одозгора поставете го и другиот дел од тестото и повторно боцнете со вилушка. Ставете го во печка и печете уште половина час. Печениот колач оставете го да се излади, па прелијте со шеќер во прав.

Добар апетит!

Извор: Zena.hr

Објавено:
26 април 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
87 пати