Вкусни црно-бели елки

20 декември 2017

Овие колачиња се мошне едноставни, вкусни и декоративни за вашата празнична трпеза. Во продолжение ви го презентираме рецептот, а вие можете да си играте со декорацијата дополнително ако сакате, оставаме на вас.

Состојки (за 15-тина бисквити):

-239 гр.путер

3/4 шолја (до 250 мл) шеќер во прав

1 шолја течен мед

1 јајце

5 шолји обично брачно (неколку лажици брашно можете да ги замените со неколку лажици какао)

1 лажичка сода бикарбона

2 ќесички зачини за бисквити (цимет, ѓумбир, афион... - може мешано или само еден)

малку сол

За „снегот“

4 белки

4 шолји шеќер во прав

2 лажички екстракт од ванила

 

Начин на подготовка:

Сите состојки треба да бидат на собна температура.

-Помешајте ги брашното, какаото (ако го користите), сода бикарбона, зачините и солта. 

-Со миксер изматете го путерот и шеќерот во право. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете и мед и повторно мешајте. Потоа, додадете и јајце и со мискерот продолжете да мешајте додека не се соедини. Миксот сувите состојки, додавајте ги постепено и мешајте, додека повторно сè не се соедини.

-Добиеното тесто ставете го на работна површина, на која претходно се наросиле малку брашно. Со сукало обликувајте го тестото во голем, мазен круг. Потоа, завиткајте го во фолија и оставете во ладилник 2 до 4 часа (може и 24 часа).

-Тестото од ладилник развлечете го во голем, тенок круг, па со модли правете бисквити во облик на цветови или ѕвезди. Внимавајте, потребни ви се и помали и поголеми модли за бисквити. Супер е ако имате 3 или 4 различни големини.

-Бисквитите наредете ги во подмачкан плек и печете околу 8 минути, во рерна загреана на 200 степени. На помалите бисквити можеби ќе им бидат доволни и 5 минути. Потоа извадете ги и оставете да се изладат.

-Додека се ладат, вие подгответе го „снегот“. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер во прав и ванила. Мешајте го тоа додека не добиете цврста смеса. 

-Потоа, составете ја новогодишната елка. Најголемиот бисквит ставете го на дното на тацната. Преку него, на средина ставете 1 лажица „снег“, па покријте го тоа со помал бисквит и продолжете да редите по тој редослед, додека не добиете елка. Најмалиот бисквит нека ви биде ѕвездичка на врвот на елката.

Ќе бидете воодушевени!

 

Објавено:
20 декември 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.721 пати