ОВЕН

21 Март – 20 Април

Период кој ви е неверојатно креативен, полни сте со идеи, но држете се сепак до тоа како ќе ги менаџирате работите, до каде може да одите.

Амбициозните планови ќе ве однесат во друга насока и можеби е подобро да ги оставите за некој друг ден. Сигурно е дека треба малку повеќе да инвестирате во себе, метафорички да се качувате по стрмен пат и откако ќе стасате до целта, тогаш да ги почувствувате плодовите на вашиот труд. Имате најповолен период за романтична врска, а ако веќе сте вљубени држете се до таа врска.

Вашиот моден талент е да знаете како да ги комбинирате работите кои веќе ги имате во плакарот. Овој месец е свежина во тонови за вас, удобни широки панталони, рамни чевли и секако големи очила за сонце.

 

БИК

21 Април – 21 Мај

Овој месец искористете го за да размислите за вашиот следен финансиски потег, за да се чувствувате мирно и спокојно, затоа што сите витални аспекти се присутни, ова е ваш среќен месец.

Заработувајте повеќе, трошете помалку е потсетник за вас периодов. Проверете се себеси до каде сте со пријателите, го заслужуваат ли вашето внимание, можеби е време да ја прочистите листата на пријатели, особено оние кои се сомневате дека ве избегнуваат од само ним познати причини.

Премногу провокативно не е за вас овој период. Избирајте парчиња во кои ќе се чувствувате удобно и ќе имате самодоверба. Водејќи се од моментот дека тоа што ќе го видите и веднаш сакате да го купите, одлучете се за некои откачени лесни еспадрили и колоритни маички.

 

БЛИЗНАЦИ

22 Мај - 21 Јуни

Потполно сте во Вашиот елемент овој месец, шармантни, разговорливи и ако би учествувале на Олимписките игри би освоиле злато. Сите грижи кои се однесуваат на Вашата работа полека но сигурно бледнеат, но чувствувате како сакате малку повеќе да се бавите со спорт. Време е да си поставите задача за летово, да изгубите неколку килограми, да ги носите Вашите омилени модни парчиња. Кога станува збор за љубовта следува период на лесно решавање на проблемите.

Вие знаете како вистински професионалец да ги комбинирате модните парчиња, но не се плашете да бидете малку похрабри во изборот. Потрудете се да ја најдете инспирацијата во Вас самите без разлика дали сте расположени или не, вашиот клуч за добар изглед е во добра чанта и модерни сандали.

 

РАК

 22 Јуни - 23 Јули

Вашите емоции често излегуваат на површина овој месец, но исто како и тајните желби кои сакате да ви се остварат и можеби би требало да имате една експресија на вашето лице за да не откривате премногу. Малку побавно со вашата романса и планирање на истата, може и нема да можете да издржите голем  емотивен притисок кој ќе посакувате да заврши во ваша полза. Внимавајте на вашето здравје, како потсетување од универзумот, не сте семоќни.

Вашиот моден израз е класика, колоритот се протега од црвена боја па се до сива. Овој период слободно опуштете се со свежи летни бои, фустанчиња со тенки прерамки, чанти со строга конструкција, елегантни обетки кои ќе ја истакнат уште повеќе вашата елегантност.

 

ЛАВ

24 Јули - 23 Август

Овој месец ви е поврзан со работата и пријателите и слободно може овие две задоволства да ги споите во едно. Ако имате можност да се промовирате, вистински момент е да почнете свој бизнис, а тука ќе ви помогнат пријателите. Било што да почнете може да биде многу забавно, но исто така и сериозно. Љубовта и парите може да почекаат, но колку и да ви звучи чудно, ќе бидете во добра емотивна форма, знаејќи дека тоа е за ваше добро во иднина.

Немајте страв да комбинирате невозможни парчиња. Вам ви одговараат бунтовнички дизајни, асиметрични маички. Вашиот аутфит говори за вас уште пред да влезете во некоја просторија. Задржете го секси изгледот затоа што само вие знаете да го носите сопствениот стил така гласно и храбро.

 

ДЕВИЦА

24 Август - 23 Септември

Има голем потенцијал да постигнете убави нешта во вашата кариера, но прво мора да ја фрлите вашата  прекривка која претставува некаква заштита условно само за вас, но треба да се отворите. Имате идеи и страст за реализирање на истите но исто така мора да се правите со емоциите кои упорно ве буткаат во ќоше. Секој кој не ве разбира овој период е надвор од вашата перцепција и само влијание од женска личност на која и верувате може да ви го посочи чекорот кој ќе ве одведе напред.

Вие сте дама која функционира совршено практично кога станува збор за модниот израз. Овој јуни определете се за винтиџ парчиња и комбинирајте ги со вашите омилени класични. Може да одите на шопинг и да се одлучите за колоритни моменти.

 

ВАГА

24 Септември - 23 Октомври

Доаѓа период кога на некои работи им доаѓа крајот, затоа што ве чекаат убави нешта, многу подобри од овие сега што ви се случуваат. Ви претстои навидум бесконечна конверзација на која конечно ќе и се види крајот. Она што ви следува во овој месец е возбуда од откривање на нешто ново, некое емотивно откритие и возможна љубов.

Без разлика на вашата фигура, обидете се да експериментирате во овој период, пронајдете го најлесниот начин за да ги комбинирате летните алишта. Не се откажувајте од лесните панталони со цветна туника одозгора и секако од фармерките кои кај вас секогаш се дел од некоја сентиментална приказна.

 

СКОРПИЈА

24 Октомври - 22 Ноември

Целата вложена работа од изминатиов период ќе почне да се исплатува. Возможен е нов извор на пари, следува интензивен период, но треба да ги смирите работите како и самите себеси. Престои бурен период во јули, така што посветете го овој период да си ги средите работите кои сте ги запоставиле и да ги ревидирате истите. Ви претстои емотивен и бурен период, полн со романтика.

Фокусирани и точни во модниот израз. За било која комбинација да се одлучите треба да си верувате себеси. Едноставните кроеви на летните модели се вистински погодок за вас, комбинирајќи ги со must-have чанта, кул очила за сонце, играјте си со лесни материјали, но држете се настрана од строгиот класичен стил.

 

СТРЕЛЕЦ

23 Ноември - 21 Декември

Нешто мора да се остави настрана во овој момент. Има знаци кои покажуваат дека сте преполни со лоша енергија, околностите го потврдуваат тоа, но кога е доста - доста е! Можеби сте ја постигнале целта, но никој не може да ви забележи ништо оти сами сте постигнале и сте се донеле до местото до кое сте сега. Олеснете  си го товарот, со тоа што ќе се натоварите себеси со убави мисли. Се сеќавате се уште на дома, на љубов кон ближните? Тие ви требаат исто толку колку што вие ним сте им потребни.

Сакате светли тонови и не сте сретнале досега принт кој не ви се допаднал. Можеби  понекогаш експериментирате, но секогаш се враќате на она што ви е проверено. Да не се нервирате, останете си со вашите лесни тонови, одете купете си фанки летна чанта, пробајте со жолта боја. Ќе ве расположи и освежи.

 

ЈАРЕЦ

22 Декември - 20 Јануари

Овој месец треба да си ги исчистите вашите мисли и дејствија кои ве враќаат само назад. Тоа значи дека можеби треба да си се препрашате во однос на вашите пријателства и вашите цели, но исто така постои можност повторно да се вратите на учење, на ваше усовршување. Да се изгубите во вашата креативност е извонредно добро како терапија, ви дава шанса да ја напишете повторно вашата лична историја, да напишете нешто за себе, можеби краток расказ.

Некоја тајна љубов упорно сака да го привлече вашето внимание, време е да ги отворите очите.

Знаете да ги комбинирате вашите аутфити, но овој период инвестирајте во лесни здолништа, не се плашете да пробате нешто сосема поинакво, да комбинирате шарена марама на глава со вашиот лесен летен фустан.

Одете и купете си модни додатоци, некоја алка или часовник.

 

ВОДОЛИЈА

21 Јануари - 19 Февруари

Чувствувате дека сте смирени и тоа ви дава простор за нови креативни интереси, можеби нова љубов или пак вашата сегашна љубов ќе ја гледате со нова страст во очите. Што треба да оставите во минатото? Вашите изветвени ставови кои ве држат упорно на исто место, тргнете се малку од истото опкружување, почнете да размислувате за нови планови, нова можност за некоја работа која одамна ја посакувате.

Можни се проблеми со пари, внимавајте и не одете на шопинг.

Овој месец извадете нешто од минатото лето и комбинирајте со тоа што го имате. Може да се освежите со лесни сандали и секако чанта која ќе ви биде пред се практична. Одлучете се за светли тонови, можеби некоја промена во однос на вашата коса секако е добредојдена.

 

РИБИ

20 Февруари  - 20 Март

 

Вашите желби овој месец ќе станат реалност. Имате една чистина на видувањата овој месец и ќе ги гледате работите реално, јасно, ќе ви се отвараат ситуации во кои ќе ги видите вашите соработници, колеги од работа со нивното вистинско лице. Конечно ќе ви се разјаснат многу нешта на работа и ќе сакате да ги поставите работите на свое место. Почнете од сопствениот дом, побарајте нова љубов која ќе ве донесе до една сосема поинаква состојба.

Период на водените бои, светло и темно сина, тиркиз, зелена. Иако вашиот Нептун ви налага за овие бои, периодов одлучете се за боја на лаванда, бела, крем и секако многу сребрени модни додатоци. Одамна не сте експериментирале со асиметрични модели, но овој период ќе преферирате удобни широки панталони, пробајте да го смените вашиот начин на шминкање, ослободете се од мејк ап.

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
6.350 пати
Тагови: 
хороскоп