Исклучителен матурски изглед со Aristoteli Bitsiani!

16 април 2018

Како и секоја пролетна сезона, Fashion Group изработи нов водич за матуранти со кој ги предлага најновите трендови и парчиња од брендот Aristoteli Bitsiani. Специјалниот едиторијал е фотографиран во прекрасниот објект на Македонска Филхармонија, сликан од објективот на Ани и Дими. Како модел се појавува младиот Христијан Стојаноски од Моделс Ин, шминката е на Васе Доковски.

Минималистичкиот простор на филхармонија совршено доаѓа во контраст со комбинациите кои се предлагаат за оваа сезона, притоа истакнувајќи го уникатниот формален стил. Волуменскиот простор, прекршувањето на светлината, целокупната комбинација на парчињата, моделот и фотографот создаваат слики од безвременска димензија.

Инаку, во пролет-лето колекцијата доминираат пастелните нијанси на палтата и панталоните, на кои преовладуваат суптилни шари и текстури. Кошулите се збогатени со различни дезени, а деталите се поуникатни од кога било – џебни марамчиња со флорални мотиви, точкест дезен на вратоврските и цветови во секакви бои кои се закачуваат на реверот и се највпечатливиот детаљ во колекцијата. За оние кои сакаат покласичен изглед – црниот смокинг во Џемјс Бонд стил е разигран со додатоци во импресивна црвена боја, па не плашете се наместо црни чевли да го искомбинирате со мокасини со реси во лакирана „огнена“ нијанса.  Едноставното тегет одело збогатете го со контрастни бои – портокалови детали на вратоврската и необичен цвет на реверот.

Водичот наскоро ќе биде достапен во продавниците Bitsiani, како и на онлајн страната на Fashion Group. Доколку сакате исклучителен матурски изглед, одлучете се за парчињата на Aristoteli Bitsiani!

 

*спонзорирана објава

Објавено:
16 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
352 пати