10 парчиња облека што треба да ги имате во 30-тите

12 октомври 2018

Секоја декада од животот носи определен стил. Во дваесетите сме пооптоварени со тоа како изгледаме, но не и со квалитетот на облека. 

Но, во 30-тите тоа се менува, барем така би требало да биде. 

Токму затоа во продолжение следи листа на 10 парчиња облека што би требало да ги имаат жените во оваа декада:

 

Кожена јакна

Четвртата декада од животот е време кога треба да почнете да инвестирате во квалитетни парчиња. Едно од нив е кожена јакна. Тоа е безвременско парче кое можете да го комбинирате во различни пригоди - од секојдневни и лежерни, до деловни комбинации. Јакна од квалитетна еко-кожа може да биде соодветна замена, бидејќи модната индустрија сè повеќе акцент става на еко-модата.

 

Парчиња од кашмир

Ништо не може да ја замени удобноста од парчињата од природни материјали. Кашмирот важи за еден од најскапите, но сепак со планско купување, не е недостижно. Понекогаш мислите дека да имате повеќе избор е подобра опција, но наместо да купите три евтини блузи, кои веројатно после третото перење ќе го сменат обликот и квалитетот, купете едно, но носете го подолго. А и кога еднаш ќе почнете да носите убава и квалитетна облека, разликата ќе биде видлива.

 

Солиден мантил

Мантилот е уште едно безвременско парче. Одберете еден во препознатливата беж боја, како оној на „Барбери“. Кога купувате мантил, без разлика дали е краток или долг, обрнете внимание на неколку работи - рамениците да бидат совршено истакнати, материјалот да биде малку крут за да ја држи формата, како и тоа копчињата да бидат цврсто зашиени. Инаку, квалитетот на изработката на едно парче се познава по внатрешната изработка.

 

Блејзер

Една деловна жена во 30-тите во својот гардеробер мора да има и блејзер од квалитетен штоф. Со оглед на тоа дека карираниот принт е во мода, одберете еден таков модел, но сепак во гардероберот имајте и еден еднобоен, па комбинирајте според потребите.

 

Воуменозно палто/капут

Добра замена за мантил е и волуменозно палто, односно капут. Како и блејзерот, убаво е да биде изработено од некој убав штоф или твид, или пак чоја. Волуменозните парчиња знаат да бидат и ризик, па затоа потрудете се да биде соодветно на вашата градба. Ако сте поситни, па премногу широко не ви стои, тогаш одберете модел што ќе има можеби само волуменозни ракави или крагна.

 

Панталони со добар крој

Без разлика дали сте љубител на панталони или не, во гардероберот имајте едни што совршено ќе ви го истакнат долниот дел од телото. Тоа што важеше за претходно споменатите парчиња, материјалот од кој ќе бидат изработени е еднакво важен како и кројот, за крајниот ефект да биде најдобар. 

 

Совршен пар фармерки

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__) onSep 30, 2018 at 1:28am PDT

Џинсот е незаменлив. Фармерките се идеално парче бидејќи прилегаат на секого, без разлика на возраста. Она на што треба да обрнете внимание е да пронајдете крој што ќе ги истакне добрите страни на вашето тело. Фармерките со повисок струк секако повеќе и' ласкаат на фигурата, отколку оние со понизок, бидејќи во нив ќе имате „спојлери“ дури и ако ги немате. Ако немате изразен задник, џебовите позади визуелно ќе го решат тој проблем, а ако немате колкови, фармерките со прави ногавици се подобар избор.

 

„Пенкало“ здолниште

Како деловна жена во 30-тите, треба да имате и таканаречено пенкало здолниште што совршено ќе ја истакне вашата фигура. Во комбинација со кошула или тенка блуза, ќе изгледате моќно, современо и модерно. Материјалот на здолништето може да биде различен од штоф до еко-кожа, но заборавете на памучните растегливи здолништа, како и на оние со синтетички вештачки сјај. Тоа не ви прави услуги.

 

Фустан во кој ќе изгледате незаборавно

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MYKA (@myka.clothing) onSep 24, 2018 at 9:36am PDT

 Без разлика каков ви е стилот, секоја жена во својот гардеробер треба да има фустан во кој ќе изгледа и ќе се чувствува незаборавно. Ако не сте многу по принтовите, тогаш одлучете се за сигурната црна варијанта, секако нема да згрешите. Важно е да постигнете софистициран, дамски изглед. Истакнете го сексапилот на умерен начин, вулгарноста одамна не е „ин“. Не значи дека не треба да носите мини, но миди е новата омилена должина меѓу светските трендсетерки.

 

Впечатливо парче

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Only The Most stylish‼️️ (@the_most_stylish_) onSep 18, 2018 at 12:28am PDT

 За крај, ако имате некое омилено парче, имајте неколку варијанти од него. Една секако нека биде повпечатлива. Дали ќе се работи за блуза со карнери, тантела, или пак со монистра, женско одело, или пак здолниште со впечатлив принт, изборот е ваш, само нека биде впечатливо, бидејќи на секого му треба момент кога ќе биде сето внимание насочено кон него.

Објавено:
12 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.786 пати
Тагови: 
стил тренд