Must have: Оваа шнола во три бои е сѐ што ви треба за супер фризура летово!

24 јули 2019

Знаете дека ова лето апсолутен хит се модните додатоци и сѐ што е поврзано со нив, а во истите секако спаѓаат и шнолите како едни од омилените.

Денеска ви предлагаме една шнола која знаеме дека ќе ја посакате веднаш, бидејќи има толку многу летни прилики во кои може да ја комбинирате.

Истата е во три бои - зелена, бела и розова со камчиња распоредени на подлога во златна нијанса.

Со шнолата можете да го украсите едниот дел од косата или пак да ја соберете цела во репче во долниот дел, доколку немате многу густа коса.

Иако истата е колоритна, не ве ограничува во поглед на останатите бои од стајлингот, па така можете да ја носите со што и да посакате, а ние во конкретниов случај ја комбиниравме со розови панталони и бела плетена маичка.

Овој моден додаток е секогаш добредојден во оние денови кога не знаете што да правите со косата, па затоа е добро да го имате во вашата колекција накит.

Оваа шнола и слични на истата можете да најдете во продавниците на Parfois.

Објавено:
24 јули 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.396 пати