Веројатно и вие понекогаш посакувате побрзо да дојде студената сезона и да се дотераме со сите оние шик џемпери и долги фустанчиња во комбинација со некои кул чизми.

Фото: Glamour

Познатите high street модни брендови веќе презентираа дел од нивните есенски колекции во кои сместија фантастични чизми поради кои едвај ја чекаме есента.

Истите изгледаат подеднакво добро како да се дел од некоја дизајнерска колекција, а можете да ги купите по супер цени.

Еден од омилените модели кој се чини најчесто ќе го гледаме низ улиците, се високите кожени чизми до колена на потпетица во некоја прекрасна есенска боја.

Како што споменавме пред некој ден, белите куси чизмички се голем хит за претстојната сезона, па покрај класичните, одберете си и некои вакви шик кои ќе ги комбинирате за специјални пригоди.

Во галеријата погледнете го најдобриот избор досега и викендов почнете да го барате вашиот фаворит.

Инфо и фото: Buro 24/7 и Glamour

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.368 пати