10 работи што не сте ги знаеле за „Биркин“ чантите

14 август 2017

Досега повеќе пати сме пишувале за „Биркин“ чантата и тоа најчесто во контекст на нејзината безвременост, луксузот и цената.

И освен што е именувана по иконата Џејн Биркин, која веќе не сака овој моден додаток да се поврзува со неа, бидејќи за нејзината изработка се користи вистинска кожа и што знаеме дека е повредна и од злато, во продолжение ќе прочитате уште 10 интересни факти за чантата која многумина ја посакуваат, но не секој може да ја има.

 

Се изработува 48 часа

Сите „Биркин“ чанти се изработени од еден занаетчии вработени во работилницата на брендот. На секој од нив му е потребно 48 часа за да создаде една чанта.

фото извор: harpersbazaar.com


Обрт на 200.000 „Биркин“ чанти

Брендот „Ермес“ веќе не прима посебни порачки за чантата, а клиентите мора да чекаат да се изработи нијансата на чантата што ја сакаат и да стаса во продавниците, па тогаш да ја купат. Инаку, досега во продажба и по нарачка циркулирале околу 200.000 „Биркин“ чанти.

фото извор: purseblog.com


Најскапата е продадена за 380.000 долари

Во мај годинава, на аукција е продадена крокодилска мат „Биркин“ чанта со дијамантски украси за рекордна цена од 380.000 долари.

фото извор: Elle.com


Може да се изнајми

За оние што не сакаат да се врзуваат за предмети, или пак сакаат да ја „испробаат“ пред да ја купат, сајтот Village Luxe што постои година дена и се занимава со е-комерција, дозволува изнајмување на чантата. Тоа задоволство чини 295 долари за една недела, по што или можете да ја вратите или ќе потрошите мало богатство за да ја купите.

фото извор: Elle.com


Дизајнирана е во авион

Креативниот директор на „Ермес“ Жан Луј Дима и Џејн Биркин во 1981 година се нашле во истиот авион, дури и седеле еден до друг. На француската актерка и пејачка во еден момент ѝ испаднале сите работи од чантата што ја носеле. Сведочејќи на тој момент, Жан ќе ѝ предложи да создадат нова чанта за неа. Биркин се согласува и скицата ја прават во авион на хартиените ќеси за повраќање.

фото извор: Elle.com


Џејн има само пет чанти со нејзиното име

Таа ги носеше чантите дизајнирани специјално за неа, сè додека не станаа екстремно популарни. Препознатлива беше по тоа што ги украсуваше со налепници, беџови и монистра, а има само пет модели, кои што веќе воопшто не ги ни носи. Инаку, средствата што ги добива на годишно ниво како некој чие име се користи за чанта, ги донира во хуманитарни цели. 

фото извор: Elle.com

фото извор: purseblog.com


„Биркин“ чантите немале отсекогаш успех

Иако сега постои листа на чекање, не било отсекогаш така. Големата популарност на овој моден додаток почнува со 90-тите, а Викторија Бекам е еден од најголемите обожаватели. Постојат шпекулации дека поседува преку 100 модела „Биркин“.

фото извор: Elle.com


Празната чанта може да тежи речиси килограм

Иако вака можеби не ви изгледа тоа многу, но кога во неа ќе го ставите телефонот, парчичникот, козметика, клучивите... Нејзината тежина оди и преку 3 килограми.

фото извор: Elle.com


„Биркин“ чантите се именуваат според големина, боја и текстура

На пример, Hermes 25 Birkin Bag Togo значи дека се работи за модел со должина од 25 сантиметри, изработена од т.н зрнеста того кожа (која е комбинација од повеќе кожи што ги користи брендот за изработка). Инаку, за сите овие години колку што се изработува, се направени во сите бои на виножитото, од кои во само преку 25 различни нијанси на сина. 

фото извор: Elle.com

фото извор: purseblog.com

Почетна цена околу 8.500 долари

За оваа цена, која веќе се смета за почетна, ќе добиете кожена „Биркин“ чанта во мат кожа. Основниот модел. Оние со текстура и крокодилска кожа чинат уште повеќе. Во 2001 година кога Саманта во една од епизодите на „Сексот и градот“  се обиде да купи таква „Ермес“ чанта, таа чинеше 4.000 долари. Значи, за овие години, цената е дупло поголема. 

Објавено:
14 август 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.502 пати