Веруваме дека и вие, како нас, едвај чекате да дојдат студените зимски денови кога ќе можеме конечно да облечеме прекрасни кожени чизми и капути и да ги прошетаме низ улиците со снег.

Во пресрет на студената сезона, денеска ви ги презентираме најубавите дизајнерски високи чизми што ќе ни послужат како вистинска инспирација за есенски шопинг.

Секоја жена во плакарот дефинитивно мора да има чифт добри чизми со кои ќе ги комбинира дневните и вечерни комбинации.

Чизмите се едно од најважните парчиња за есенскиот и зимскиот период, бидејќи можат и најобичната комбинација да ја претворат во нешто светско.

Тие се супер и за секојдневните, едноставни комбинации составени од тесни фармерки и топли џемпери. Крал на високите чизми за претстојната сезона е Џанвито Роси чии чизми над колена ги поседуваат сите трендсетерки.

Покрај него, во есенската понуда на дизајнерите и повеќе од одлични се оние на Сен Лоран, Изабел Марант, Клое и уште многу други дизајнери кои ќе направат вистински бум претстојнава зимска сезона.

Објавено:
26 август 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
8.568 пати