Иако се чини дека сè уште не ја доживеавме пролетта во полн ек, секогаш можеме да уживаме во парчињата што се наменети за оваа сезона.

Балетанките се број еден кога станува збор за чевли во пролет, па така време е да ги пронајдеме омилените од минатата сезона, но и да го збогатиме изборот со некои нови.

Станува збор за модел на чевли кои истовремено се удобни, модерни и елегантни, па така можеме да ги носиме со што и да посакаме и во секоја пригода.

Покрај класичните модели што ги носиме сезони наназад, оваа пролет девојките ги обожаваат плетените модели, оние украсени со бисери, со панделки и што уште не.

Она што треба да направите е да го одберете неколку омилени модели балетанки што ќе бидат ваш најдобар сојузник во секое време и на секое место.

Повеќе хит модели за оваа сезона гледате погоре во галеријата.

Инфо, фото: Bonjour.ba, Pinterest

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.896 пати