Функционалната улога на стилските ранци е дополнителна причина зошто постојано остануваат актуелни и покрај промената на тенденциите.

Кај различни профили на луѓе, овие модни додатоци се прв избор – ги носат и студенти и деловни луѓе и млади родители, а притоа одговараат и на нивните секојдневни потреби и се стилизираат во согласност со нивниот имиџ, што ако се земе в предвид огромниот избор на модели не е воопшто комплицирано.

Кај инфлуенсерките и модните блогерки, особено популарни се мини ранците како моден додаток што дава дополнителен акцент на комплетниот имиџ.

Покрај класичните ранци во неутрални тонови и во црна варијанта, внимането го одзимаат оние во чиј дизајн е направена комбинација на различни материјали, дезени, принтови...

Издвоивме 20 впечатливи модели од уличната мода.

 

Објавено:
6 февруари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.202 пати