Едноставни, а така посакувани – чевлите од брендот Everlane по сè изгледа го збудалеа модниот свет.

Изработени се од кожа, имаат мала блок потпетица и идеални се за секојдневните активности. Во задниот дел кај петата, имаат мало ластиче, за прилагодување на сечие стапало. Оние што ги носеле велат дека се исклучително удобни и дека всушност во тоа е тајната на нивната популарност.

Цената е 145 долари, достапни се во девет бои, а тие што би ги порачале ќе мора да почекаат, бидејќи за нив постои листа на чекање на која има дури 28 илјади луѓе.

Инаку, за тие што првпат се сретнуваат со името Everlane, се работи за американски бренд кој се залага за транспарентно работење. На нивната страна има достапни информации во кои фабрики се изработуваат нивните производи и во кои делови на светот.

Што мислите вие за најпосакуваниот модел изминатиов период?

 

фото извор: Everlane

Објавено:
22 август 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.551 пати
Извор: 
elle.hr