Александар Ванг создаде луксузно купче долари

5 септември 2017

Дизајнерот Александар Ванг излезе малку од својата комфорна зона, од вообичаената спортска естетика и создаде нешто луксузно и светкаво.

Се работи за чанта во форма на „купче“ од 100 долари, а како резултат на соработката со Џудит Лајбер. Модниот додаток ќе биде дел од лимитирана едиција на чанти Сваровски (вкупно 20).

 

Introducing #JudithLeiberxAW @alexanderwangny #JudithLeiberCouture

A post shared by Judith Leiber (@judithleiberny) onAug 30, 2017 at 6:14am PDT

 

Конкретно оваа е направена од 10.263 црни, зелени и бели Сваровски кристали. На средината има гумен ремен, како и синџир што овозможува да се носи преку рамо.

Комплетниот резултат од оваа соработка ќе се види на шоуто на Ванг за пролет 2018, кое ќе се одржи месецов.

Цената изнесува 4.995 долари, а ќе биде достапна во бутиците на дизајнерот во Лондон и Њујорк од ноември.

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
168 пати