После репликата на чантата од „Икеа“, Баленсијага има уште еден хит за претстојната сезона.

Всушност, тој дојде и пред фамозниот „Икеа случај“, но сега особено ја доживува својата популарност.

Се работи за триаголнестиот модел од пред-есенската колекција на брендот.

фото: oraclefox.com

Иако уште со појавувањето на колекцијата, модните стручњаци посочија дека чантата ќе биде едно од најпосакуваните модни додатоци, но вистинската популарност се гледа преку уличната мода, а во тој контекст целта е постигната.

Претстојнава сезона ќе ја гледаме сè почесто. Инаку, истата е достапна и онлајн преку „Нет-а-портер“ и слични онлајн продавници, а цената се движи од 635 до 2.150 евра во зависност од големината. 

Интересно е што нестандардните облици на чанти се сè подоминантни. Сè позастапени и округли облици, а предимензионираните чанти веќе одамна доминираат на модната сцена.

фото: Instagram

Ако го следиме вкусот на модните конзументи, сè што отскокнува од стандардот е прилично посакувано. Се сеќавате на чантите на „Гучи“ со инсекти, или колоритните на „Долче и Габана“? Досадните форми и бои веќе одамна се ставени на пауза, а овој нов модел од „Баленсијага“ само го потврдува тој тренд.

фото: oraclefox.com

фото: Твитер

фото: buro247.hr

 

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga) onJun 28, 2017 at 5:29am PDT

 

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga) onMay 11, 2017 at 9:29am PDT

 

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga) onMay 11, 2017 at 1:17am PDT

 

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga) onMay 8, 2017 at 4:08am PDT

 

Објавено:
26 јули 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
629 пати