Веруваме дека и вие се изненадивте подеднакво кога погледнавте кој ќе биде најголемиот тренд кај чевлите оваа пролет.

И доколку досега единствено носевте бели чевли на вашата венчавка, оваа пролет конечно повторно ќе можете да ги извадите од вашиот плакар.

Благодарение на враќањето на ретро модата од 60 – тите во речиси сите колекции на светските дизајнери, белите чевли ги добија своите пет минути.

Шик модели во бели нијанси понудија бројни модни куќи меѓу кои и Прада, Луј Витон, Делпозо, Миу Миу, Етро, Стела Мекартни и уште многу други меѓу кои веруваме дека ќе го најдете вашиот фаворит.

Едни од омилените се оние модели на бели чевли со ниска потпетица и ремче, но подеднакво неодоливи се и балетанките украсени со тантела или различни видови кристали.

Трендсетерките за следната пролет како омилен го одбраа моделот на Топшоп во бело издание со црни лакирани ремчиња.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите модели кои допрва ќе ги гледаме низ улиците.

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.487 пати