Ова лето на плажа сеприсутен ќе биде ретро шармот. Ќе доминира естетиката на 60-те години преку омилениот модел на костими за капење сезонава, модернизираната верзија на бикини со висок струк.

Познатите стилски девојки на социјалните мрежи веќе ги покажаа своите омилени изданија на плажа, што ги вкучува токму шармантните ретро модели на бикини со висок струк и тоа во различни варијанти застапени и кај луксузните и кај „high street" брендовите.

Меѓу актуелните модели се оние со странично врзување, со карнери, како и со геометриски или цветни принтови,што може да ги комбинирате со масивни сламени шешири, лесни кафтани или марами и еспадрили или сандали на врзување и предимензионирани очила.

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
281 пати