„Биркин“ не е веќе најпопуларната чанта на „Ермес“

20 ноември 2017

Со години наназад, познатата „Биркин“ чанта е симбол за престиж и луксуз, но ако ги следиме најновите бројки и трендови, изгледа дека нејзината популарност полека бледее.

Новите статистички податоци покажуваат дека чантата „Кели“ се враќа на големата сцена. Нејзината вредност, во последната деценија, се зголемила дури за 350 проценти, а информацијата ја потврдува и Жером Лаланде, познато име во кожената индустрија, кој повеќе од 20 години соработува со „Ермес“.

Во контекст на ова оди и информацијата дека најголемото внимание за претстојната аукција во организација на куќата „Кристи“, на која ќе се најдат ретки примероци на „Шанел“ и „Ермес“ чанти, го привлекува токму моделот „Кели“.

Се работи за модел изработен од кожа на бел крокодил, кој некогаш го поседувала Елизабет Тејлор. Она што ја прави уште поспецифична е што има дупло помали димензии од стандардната „Кели“ чанта, а не е достапна на пазаров веќе 15 години.

Стручни лица сметаат дека ќе биде продадена за 60 до 80 илјади евра, што ја прави најскапа чанта во Европа.

Продавницата за кожена галантерија „Collector Squareu“ вели дека „Биркин“ и според нивните податоци не е веќе најбарана. Ако се земат предвид податоците од одржаните аукции, на „Кели“ ѝ припаѓаат 24 проценти од вкупната продажба, додека „Биркин“ останала на 20 проценти.

За потсетување, како што „Биркин“ е именувана по Џејн Биркин, така „Кели“ е именувана по актерката Грејс Кели.

Но, пред да биде така, овој модел на чанта бил наречен „Sac a Courroies“. Сепак, Грејс Кели е првата позната личност која ја поврзале со чантата.

На снимањето на филмот „To Catch a Thief“ во 1954 година, на еден од сетовите актерката се појавила токму со оваа чанта.

Две години подоцна, Грејс својот труднички стомак ќе се обиде да го сокрие токму со чантата, фотографија што ќе ја објават сите медиуми, покрај веста за свршувачката на актерката и принцот Рајнер од Монако.

Во 1977 година името на чантата официјално од „Sac a Courroies“ ќе биде преименувана во „Kelly“.

„Биркин“ пак, на модната сцена стапува во 1985 година. Веќе кон средината на 1990-тите кулминира нејзината популарноста и бараност, а на сметка на тоа опаѓа онаа на „Кели“. Но, тој тренд, како што забележуваме, почнува да се менува.

Во „Ермес“ веќе постои листа на чекање за моделот „Кели“ и тоа моментално до година дена. Просечната цена на чантата изнесува 10.030 долари, односно околу 8.500 евра.

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.139 пати
Извор: 
Vogue Paris