Бисерите на вашата мајка – најпосакуван аксесоар за пролет 2014!

23 јануари 2014

Единствената Коко Шанел ги обожаваше! Таа велеше дека жената треба да биде две нешта: елегантна и неповторлива. Со нејзиниот беспрекорен стил во кој секогаш ги вметнуваше нејзините омилени бисери, таа дефинитивно беше и повеќе од неповторлива.

Бисерите според многумина, се категорија што не е обожавана од сите жени, туку само од оние кои го негуваат нежниот, романтичен и пред сè, елегантен стил. Таквите жени секогаш практикуваат со елегантните комбинации на костими, шармантни фустани и бесрекорни потпетици да стават и по некое парче бисерен накит.

Токму оваа пролет, сите девојки ќе почнат да ги обожуваат бисерите! Тие сега доаѓаат во сосема поинакво пакување што е ултра модерно, тренди и одговара на секоја ваша модерна комбинација.

Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за некој бисерен украс во косата, впечатливи бисерни обетки или пак масивно ланче или бразлетна, бидете сигурни дека воопшто нема да погрешите. Доколку во вашето царство на накит ви останало некое ланче од вашата мајка за кое таа повеќе не е емотивно поврзана, веднаш одвојте малку време и преуредете го во тренди аксесоар за оваа пролет или пак побарајте низ продавниците.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од најубавите модни додатоци од бисери во кои ние буквално се заљубивме!

Ние сепак се одлучивме да ги бараме низ продавниците. Au Revoir!

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци