Оние чија младост е врзана за поранешна Југославија, веруваме дека добро се сеќаваат на едни од најпопуларните обувки што ги произведуваше хрватската фабрика „Борово“. 

Таканаречените „боросани“ слават 50 години постоење. Компанијата на Инстаграм профилот вчера ја најави роденденската колекција, која изобилува со принтови.

 

Инаку, како стои на официјалната страна на „Борово“, во првите години на производство (во текот на 60-тите), дневно се произведувале 1.600 чифта „боросани“, односно преку 200.000 во текот на првите неколку години (на годишно ниво). 

Биле достапни само во бела и сина боја, а црните „боросани“ се појавиле кон крајот на 80-тите. Својата најголема популарност ја доживуваат кон средината на 70-тите и почетокот на 80-тиите. Во текот на една смена, значи осум работни часа, се произведувале дури 1.000 чифта, што на годишно ниво значело преку 500.000 чифта. Исто така, ова се првите обувки создадени во тоа време во консултација со ортопед.

Овие обувки долго време беа исклучиво носени како обувки за работа, но доживеаја нова популарност и надвор од работните места. 

Во продолжение погледнете ги новите модели:

 

 

 фото/извор: borovo.hr

Објавено:
11 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
786 пати