Неодоливиот шарм на т.н „bucket" чанти е причината поради која овие модни додатоци, веќе неколку сезони се на врвот од листата на омилени, особено кај модните трендсетерки и блогерки.

За нивниот успех во модниот свет, услугата пред се му се препишува на брендот Mansur Gavriel, кој своите модели ги лансираше во пастелна палета и неутрални тонови и инстантно станаа хит во уличната мода.

Потоа, следуваа различни верзии на „bucket" чантите со потпис на речиси сите „high street" модни брендови, но она што ги поврзува сите е нивниот минималистички и практичен дизајн.

Оваа пролет повторно ќе бидат актуелни, од класичните, меки „bucket" чанти до оние со цврста структура.
Освен монохроматските модели, исто толку актуелни ќе бидат и оние со животински принтови, како и моделите во комбинација со плетени детали...

Дел од популарните верзии ви ги посочуваме во прилог...

 

Објавено:
23 март 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.416 пати