Булгари ги создаде ИТ чантите за сезоната есен/зима 2015

27 февруари 2015

Раскошниот италијански бренд за накит и модни додатоци, Булгари, ја објави неверојатната колекција за есен/зима 2015 година. Во истата се содржани можеби најубавите мали, но и големи чантички во кои веруваме дека ќе се заљуби било која девојка на светот.

Дел од колекцијата се најразлични модели чанти од најмали, па сѐ до најголеми во прекрасни бои за сечиј вкус. Покрај чантите, тие за зимската сезона нудат и тренди ремени во боја, но и очила за сонце во речиси иста форма, но со поинакви нијанси и дезени.

Палетата на бои се движи од крем, тиркизна, виолетова, па сѐ до црна и интензивна црвена. На овие бои особено ќе се израдуваат оние девојки и жени кои не го следат правилото дека во студените месеци треба да се одбираат потемни бои, туку сосема спротивно, свежи и ведри.

Во понудата на брендот има и неколку сосема елегантни и неодоливи мини чантички со златни и сребрени синџирчиња, кои ќе бидат совршено надополнување на вашите комбинации за посебни пригоди.

Објавено:
27 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци