Оваа пролет нема ништо подобро за расположение од купувањето нова чанта, верувајте ни! И додека оваа зима ги обожувавме темните нијанси, единствено нешто што ви треба пролетва се впечатливите чанти во светли бои.

Без разлика на тоа за каква боја ќе се одлучите, чантата во јака боја е оној моден додаток што ќе ја направи секоја ваша комбинација посебна и вистински впечатлива.

Денеска ние ви ги презентираме прекрасните Carpisa чанти кои се вистински убавици кога се модните додатоци во прашање.

Во нивните продажни салони можете да најдете вистинска пролетна експлозија од бои и модели за кои знаеме дека ќе бидат вашите најдобри пријателки во топлата сезона што допрва доаѓа.

Токму таму, можете да одберете од нивната огромна палета на бои, а денеска ние ви ги прикажуваме овие прекрасни модели во црвена, бела и неодоливо сина боја.

Станува збор за два модела од колекцијата на прекрасната Пенелопе Круз во бела и црвена варијанта кои се навистина уникатни и доволно големи да соберат сѐ што ви е потребно.

Другата чанта е прекрасен син модел кој е совршен за ова време од годината, а можете да го комбинирате со секојдневните стајлинзи како фармерки и кошула, но и со елегантните фустанчиња кои обожавате да ги носите на работа.

Сончевото време е вистинско време да започнете со пролетниот шопинг и уште веднаш да си набавите некој од овие стилски модели. 

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.716 пати