Чанти од Валентино според вашиот хороскопски знак

20 април 2015

Валентино е познат по својата релација со ѕвездите и астрологијата, па многупати до сега во своите колекции особено во делот на аксесоарите, ги имплементирал знаците на Зодијакот.

Овој пат, новата колекција чанти на брендот е олицетворение на 12-те хороскопски знаци. Во зависност од елементот на кој тие припаѓаат, чантите се селектирани во четири различни категории според нивната боја: сина за воздушните знаци, ментол за водените, црвена за огнените и кафеава за земјените.

Чантите се изработени од мека кожа и се декорирани со приверзоци во форма на хороскопскиот знак.

 

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци