Чанти во земјени тонови – компатибилни во различни аутфити

29 мај 2018

Ако сте во потрага по чанта која лесно ќе ја прилагодите во различни комбинации, за различни пригоди, тогаш размислете за таква во земјена нијанса.

Ненаметливите, земјени тонови лесно се комбинираат со речиси сите останати нијанси од спектарот на бои, а покрај тоа оставаат доем на префинетост, елеганција и непретенциозен луксуз.

Покрај тоа што се компатибилни во стилски различни целини, исто така оние класични чанти, во правилни форми, може да ги носите и за време на летната и зимската сезона, што е дополнителна предност.

Инаку, од актуелните летни тенденции, може да издвоиме неколку хит чанти во земјени нијанси, меѓу кои остануваат актуелни плетените чанти-корпи што беа популарни и минатото лето, а исто толку омилени се и чантите со средна големина во правилни геометриски форми.

Кој е вашиот фаворит?

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
29 мај 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
542 пати