Претстојната пролет-лето сезона ќе биде во знакот на таканаречените „bucket“ модели на чанти.

Овој моден додаток го популаризираше дизајнерката Флоријана Гавриел. Нејзините чанти се изработени од италијанската кожа во многу бои, а модните блогери многу бргу го препознаа новиот тренд.

После нив секако и дизајнерите, па можат да се сретнат во колекциите на бројни познати дизајнерски имиња.

Она што ги разликува е што имаат форма на корпа и најчесто се со интересни рачки – синџири, дрво, метал... Тоа значи дека конечно малку ќе паузираме од стругите четириаголни форми.

Достапни се речиси во сите бои, изработени од различни материјали – кожа, платно, слама, велур...

Ги има во големи димензии и нивни мини верзии, па секоја девојка и жена може да го најде својот омилен модел.

А во продолжение ви претставуваме неколку идеи:

 

Објавено:
23 јануари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.728 пати