Чекориме со стил – префинета линија женски обувки на АРА во „Пеко“

3 ноември 2018

Елегантни, префинети, удобни и со атрактивен дизајн – новата линија женски обувки за сезоната есен-зима 2018/19 на германскиот бренд АРА, пристигна во продавниците на „Пеко".

Квалитетни, а истовремено чевли што ќе му дадат печат на вашиот стил, се еден од клучните сегменти во секоја комбинација. Новата линија чевли на АРА за актуелната сезона, ја продолжува својата препознатлива традиција која во фокусот ја става квалитетната изработка, атрактивниот дизајн и акцентот на деталите.


Во „Пеко" ќе најдете голем избор на тренди модели со различна стилска естетика: од дамски модели на ниска потпетица до впечатливи чизми до глужд во интересен избор на комбинации на бои, дезени и материјали.

АРА е германска компанија, со долгогодишна традиција на производство на удобни чевли уште од 1949 година. Денес, под името на АРА се вклучуваат неколку компании, од кои и најзначајните имиња Loid, Legero и Salamander. Годишно, во фабриките на АРА се произведуваат повеќе од 7 милиони пара чевли насекаде низ светот.

АРА чевлите се креирани од внимателно избрани материјали, тестирани за отпорност на било какви штетни супстанци и временски услови, а комфорот е еден од најкарактеристичните белези на нивниот дизајн.

Комерцијален текст

Објавено:
3 ноември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
807 пати
Тагови: 
Пеко АРА чевли