Чевли што имаат моќ да го трансформираат вашиот изглед

16 ноември 2018

Добрите чевли се клучен моден додаток за еден аутфит да добие совршена целина.

Нивната функција истовремено е и од практичен и од естетски карактер, а изборот на чевли многу зборува и за карактерот и животниот стил на сопственикот.

Затоа и секогаш потенцираме да не се занемарува нивното место во визуелниот имиџ, напротив, треба да им се посвети исклучително внимание.

Денеска правиме преглед на неколку впечатливи модели на чевли во различни варијанти, што имаат една заедничка карактеристика – моќ комплетно да го трансформираат вашиот аутфит, благодарение на нивниот маркантен дизајн.

 

Сезонава главниот акцент е на животинските принтови, генерално во модниот свет, а истата тенденција е присутна и кога се во прашање и сезонските чевли и чизми. Па така чизмите до глужд со змиски принт се особена атракција по модните улици. Не помалку атрактивни и се и чизмите на ниска или висока и дебела потпетца, во лакирана варијанта и во широк спектар на бои.

 

Оваа есен-зима сезона особено внимание е посветено на дизајнот на потпетиците, па и во тој контекст изборот е богат: од потпетици во различни геометриски форми до такви кои се одвојуваат од остатокот од дизајнот на чевли или чизмите со бојата или дезенот.

 

Објавено:
16 ноември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.510 пати