Потпетицата е главниот акцент во дизајнот на чевлите што ќе ги носиме оваа есен. Тенка и дебела, ниска и висока – сите различни форми и видови на потпетици се „во игра".

Се враќаат во фокус класичните салонки со тенка потпетица и со суптилно заоблен врв, а за дамите што сакаат новитети – ниска и тенка потпетица на елегантни чевли со полуотворен дизајн.

Уште еден момент што ќе ви го привлече вниманието се декоративните детали. Есенските чевли ќе бидат украсени со бисери, панделки, впечатливи ременчиња...

Еве дел од богатата понуда за претстојната сезона.

Фото: Bershka, Mango, Pull & Bear, Stradivarius, Uterque, Other Stories

Објавено:
10 август 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.868 пати