Чевли со „коцкаста“ потпетица – идеални за деловни комбинации

11 март 2019

Меѓу „најизвиканите" тенденции за оваа пролет се стилските чевли на ниска или средно висока, „коцкаста" потпетица.

Тоа што се ултра удобни, а истовремено шик и лесни за комбинирање, ги прави идеален избор за нашите пролетни деловни комбинации.

Оваа пролет ваквиот модел на чевли е присутен во голем избор на различни варијанти, па воопшто нема да биде комплицирано да го пронајдете вашиот омилен модел.

Од класични, во црна варијатна, до такви кај кои акцентот е на играта со дезени и модели со транспарентна потпетица, во актуелната понуда изборот е богат.

Со оглед на тоа дека сезонава продолжува трендот на животниски принтови, истиот ќе биде присутен и во дизајнот на овој модел на чевли.

Објавено:
11 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
879 пати