Во исчекување на пролетта, имаме уште малку време кога можеме да ги искористиме омилените чизми, а уште подобро, да купиме нови на попустите во градот.

Ние искрено се надеваме дека омилената топла сезона ќе дојде многу побрзо одошто очекуваме, но дотогаш, да ги погледнеме сите трендови што ќе бидат хит во светот на чевлите.

Секако, кога говориме за удобност и оваа сезона на прво место ќе бидат патиките што се дел од колекциите на речиси секој дизајнер сезонава и тоа во нови шик бои и модели.

Доколку сте од оние кои не се обожаватели на ваков тип чевли, тогаш за преодната сезона совршени се кожените чизми до колена што можете да ги комбинирате со некој стилски фустан или широко здолниште и едноставна ролка за првите сончеви денови.

Секако, дизајнерите не заборавија и на обожавателите на сандали, а следната сезона меѓу омилените ќе бидат оние ретро модели со неколку ремчиња.

Што се однесува до боите, белата е вистински хит кога се кратките чизми и сандалите во прашање, а животинскиот принт и крем нијансите омилени кај чизмите во оваа преодна сезона.

Во галеријата погледнете дел од хит моделите за оваа и сезоната што допрва доаѓа.

Инфо и фото: Who What Wear

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.094 пати