Чевли со средно висока потпетица – идеално решение за оваа пролет

11 март 2016

Оваа сезона им е наклонета на оние дами кои бараат баланс помеѓу стилското и практичното, а такви сме верувам повеќето. Пролетва најактуелни ќе бидат чевлите со средно висока потпетица, што подразбира голем избор на стилски, а удобни чевли.

Голем дел од светските дизајнерски имиња во своите последни, пролет-лето колекции, имплементираа токму такви чевли со кои ги заокружија пролетните изгледи.

Идеални се за комбинирање во вашиот секојдневен изглед, но и за деловни или свечени прилики.

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.030 пати