Секогаш обрнувајте внимание на изборот на чевлите бидејќи нивниот удел во финишот на секоја комбинација е исклучително значаен. Ова особено се однесува на изборот на деловните аутфити, кога чевлите истовремено треба да ја извршат својата естетска и практична функција.

Два безвременски модели кои се секогаш сигурен избор кога е во прашање деловниот изглед се: салонките и сандалите со ременчиња.

Но, исто така изборот често ги вклучува и удобните чевли со ниска, дебела потпетица како и оксфордките.

Што се однесува до комбинацијата на бои и текстури, доколку целиот стајлинг е монохроматски и минималистички, тогаш експериментирајте со чевли со животински принт или некоја релјефна текстура.

Доколку сепак сакате да се држите до едноставниот и класичен стил, тогаш црна и сива боја како и загасти тонови се секогаш коректен избор.

 

 

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
664 пати