Чизмите до глужд се апсолутен хит за оваа сезона

10 октомври 2013

Иако мора да признаеме дека ние ги обожаваме високите чизми, нешто што апсолутно не освои оваа сезона се кратките чизми до глуждовите.

Истите се апсолутен хит оваа сезона кај модерните девојки, а можеме да ги видиме во најразлични бои, материјали, принтови и дезени.

Она што е дополнително позитивно кога станува збор за овие кратки чизмички е фактот што истите можете да ги носите буквално со се што поседувате во вашиот плакар.

Без разлика на тоа дали ќе се одлучите да облечете фустан, елегантни панталони или пак обични фармерки, ќе бидете вистинска ИТ девојка доколку ги комбинирате со овие куси чизми.

Погледнете ги нашите 23 омилени пара куси чизми за оваа есен и впуштете се во набавка на некои од нашите фаворити.

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци