Црвени чевли – забавна алтернатива на класичните црни обувки

26 октомври 2017

Црвена е апсолутно бојата која ја обележа оваа есен. Секој сегмент од сезонскиот гардеробер е обоен во нијанси на оваа боја, од дебелите плетива до модните додатоци, вклучително и чевлите.

Доколку сакате суптилно, а сепак впечатливо да ја имплементирате оваа боја во вашиот аутфит, тогаш нема да згрешите ако одберете црвени чевли.

Црвените чевли отсекогаш важеле за позабавна алтернатива на црните класични обувки. Со овој избор ќе го освежите и наједноставниот стајлинг.

Може да избирате помеѓу лаковани чизми до глужд, мокасинки од кадифе, високи потпетици или пак чевли на средно висока потпетица, а ќе ги комбинирате и во монохроматски и во колоритни комбинации. Секако вниманието ќе биде насочено на нив.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
26 октомври 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.354 пати