Ретро трендот што се актуелизираше особено минатото лето – дводелните костимите за капење со висок струк – остануваат исто толку популарни и оваа летна сезона.

Asos

Женствени, сензуални и соодветни за различна телесна конституција – затоа и се меѓу омилените модели на костими за капење.

diane_von_furstenberg_net-a-porter

Варијантите кои се достапни во продажба се бројни, од такви со везови и флорални мотиви до модели со геометриски принтови или колор-блок комбинации.

kiini_net-a-porter

На плажа ги комбинираме со кафтан, транспарентна миди кошула или пак лесен фустан на прерамки.
Одбравме неколку различни модели што се актуелни ова лето, во галеријата во продолжение.

Објавено:
13 јули 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.108 пати