Дали е ова најпопуларната чанта за оваа есен?

28 септември 2016

Овој навидум необичен модел на чанта за многу кратко време ги „полуде“ трендсетерките ширум светот кои без двоумење го прогласија за најпосакуваниот за оваа сезона.

Ваквите плетени торби некаде во 70 – тите ги носеше популарната актерка и музичарка Џејн Биркин која и денеска е симбол за тренди девојка години наназад.

Овој модел чанта таа најчесто го комбинираше со фармерки, лежерни маички и пуштена коса, но обожуваше да ја носи и на свечени настани рака под рака со Серџ Гејнсбург.

Иако станува збор за помалку чуден моден додаток, девојките ширум светот оваа сезона повторно го популаризираат во своите комбинации.

Овие плетени торбички не се одличен избор само за летните денови, туку совршено се вклопуваат и во есенските стајлинзи.

Носете ја со лежерни летни фустани со тексас јакна за есенска варијанта, топли џемпери, едноставни блузички и фармерки и што уште не.

Оваа сезона плетените чанти доаѓаат во различни форми, па така можете да одберете помеѓу поголеми и помали, украсени со разни модни додатоци, кожени рачки, па дури и многу необични облици.

Покрај тоа што се супер модерни, во најголемата верзија на овие плетени чанти може да ви го собере сето она што ви е потребно.

Оваа есен е вистинско време да го зачините вашиот стил со оваа стилска чанта во која гарантирано сите ќе се вљубат!

Објавено:
28 септември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.211 пати