Ако облеката е колаче, тогаш накитот е фил. Некои мажи знаат да носат парче накит, но некои се китат премногу и непотребно. Што да носите драги мажи? Нашиот одговор е: алки.

И тоа не било какви туку, игриви, опуштени, но во исто време и мажествени. Но, мора да внимавате да не се премногу, а ни премалку. За да бидете кул ова лето ви препорачуваме неколку работи.

Прво и основно при изборот држете се до вашиот личен стил и внимавајте да не претерате па да се наредите како зет од семејството на малечката невеста.

Не форсирајте и ако веќе сте сигурни дека сакате да го имате тој моден додаток и да го носите секој ден тогаш ќе мора да инвестирате во тоа. А тоа не подразбира дека секогаш мора да е скапо, туку најзначајно е естетското чувство. Бидете фраери и одлучете еднаш за себе!

Објавено:
9 јуни 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
401 пати