Дел Торо повторно предизвикува: Новата колекција чевли и чанти е тотално луда!

26 март 2014

Креативните „Дел Торо“ конечно најдоа начин преку кој ќе можеме да ги покажеме емоциите со кои располагаме во даден момент.

Тие заедно со американската дизајнерка Еди Паркер за Мода Операнди создадоа ултра тренди рамни чевли и чанти со супер интересни написи преку кои креативно може да се изразите себеси.

Модните трендсетерки буквално полудеа по целата колекција чевли која ја опишуваат како помалку ексклузивна, помалку слатка и шармантна, но најмногу од сѐ – забавна!

Иако и нивната претходна колекција го полуде модниот свет, па дури имаше и листа на чекање, и оваа последнава е подеднакво добра и забавна и веќе се знае дека ќе има долги редици.

Целата колекција наскоро ќе биде пуштена во продажба, а во моментов може да се направат само онлајн нарачки на сајтот на Мода Операнди.

Со оглед на тоа што станува збор за навистина одличен и докажан бренд, очекувавме и дека цените ќе бидат високи, па така доколку ви се допаднаа премногу за клач чантите ќе треба да платите околу 1.500 долари, а за чевлите околу 340 долари.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци