Design and Berries имаат нова, сончева летна колекција

13 јули 2016

Сончева, летна и супер позитивна колекција дизајнираше креативниот тим на Design and Berries.

Секогаш иновативните млади креативци од Design and Berries ни носат разиграни летни вибрации со новата уникатна линија на рачно дизајнирани модни додатоци и украсни елементи.

А помеѓу нив: беџови, тефтери, џебни огледалца и рамки за на ѕид со интересни и инспиративни пораки.

Погледнете и одберете ги вашите омилени!

 

Објавено:
13 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
372 пати