„Диор“ врати уште една чанта на модната сцена

20 јули 2018

Модниот бренд „Диор“ „оживеа“ уште една чанта од својата архива. Се работи за таканречените „седло чанти“, кои беа дизајнирани уште во 1999 година, а своето деби го имаа при презентирањето на колекцијата пролет-лето 2010, кога Џон Галијано ја водеше креативата на брендот.

Сега е достапна пак, во преку 15 верзии - од пачворк тексас варијанта (како потсетување на легендарната комбинација на Бритни и Џастин од тексас), преку кожени до везени. 

Од брендот велат дека се веќе во продажба, а Парис Хилтон и Линдзи Лохан веќе му се навратија на овој хит од пред 18 години.

Во продолжение погледнете ги новите модели, кои сигурни се повторно ќе бидат хит меѓу трендсетерите.

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
274 пати