Дизајнерите имаат решение за нередот во вашата чанта

20 мај 2014

Во тој контекст кога станува збор за чантите, нормално е да се очекува во нив да се направи неред од шминките, паричникот, мобилниот телефон, документи за работа и уште мал број ситници кои се неопходни за секојдневно функционирање. Модните дизајнери решија да стават крај на овој проблем и создадоа функционални мали чанти, кои со своите прегради овозможуваат практичност, но и нудат софистициран изглед, а се спој на паричник и несесер во едно. Првичната намена им е да ги носите во поголеми чанти каде ќе бидат собрани сите ситници во нив, но можете да ги носите и независно.

Кога мислиме на мали чанти, не правиме споредба со оние на нашите баби и мајки, туку сосема модерни модни додатоци кои дозволуваат со вас да ги понесете сите неопходни работи.  Модните дизајнери понудија своја верзија на овие минијатурни чанти, кои се разликуваат во својата форма, нијанса и материјал од кои се изработени. Ваше е да го одберете омилениот модел.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци