Чизмите и чевли Dr.Martens се феномен исто како и џинсот. Ги носат сите, насекаде во светот и се надвор од временското ограничување на трендовите.

Седумдесет години по основањето на овој британски бренд, неговиот лик останува автентичен, иако се создадени бројни негови верзии.

Иако првично милитари чизмите Dr.Martens беа синоним за алтернативната култура, само по неколку генерации тие преминаа во мејнстрим.

Сега може да ги видите и во изданијата на најпопуларните модни блогерки и кај членовите на прогресивните алтернативни бендови.

Секако, не поминува зима без нашите омилени Dr.Martens чизми, па во тој контекст ви посочуваме неколку интересни, свежи и нови идеи како да ги комбинирате.

Фото извор: Инстаграм/Dr.Martens

Објавено:
3 јануари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
710 пати
Тагови: 
чизми Dr.Martens